дома Балкан Милиќ: Пленковиќ не е поразен со влезот во постизборна коалиција со ДП

Милиќ: Пленковиќ не е поразен со влезот во постизборна коалиција со ДП

27

 Портпаролот на хрватската влада, Марко Милиќ денеска изјави дека лидерот на ХДЗ и премиер на техничката влада, Андреј Пленковиќ не е поразен со влезот во постизборна коалиција со Татковинското движење (ДП) и со поддршка на некои малцински претставници.

– Ги знаете резултатите од изборите. Не сме во позиција сами да формираме мнозинство. Единствена политичка реалност беше формирањето на Влада на ХДЗ во партнерство со Татковинското движење, посочи Милиќ.

За денеска е закажана нова средба на преговарачите меѓу ХДЗ и ДП, на која се очекува да се утврди парламентарното мнозинство и ќе почне дебата за поделба на ресорите.

Според хрватските медиуми, ДП неофицијално бара четири министерства – демографија, енергетика, земјоделство и култура.

ПредходнаДевизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
СледнаЃуриќ: Полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија