дома Свет Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

22

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

ПредходнаХоландската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти
СледнаГрчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија