дома Свет Пашињан најави можност за потпишување мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан до...

Пашињан најави можност за потпишување мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан до ноември

23

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот договор со Азербејџан може да биде потпишан до ноември, пренесува БТА.

Ерменија доживеа голем пораз минатиот септември кога азербејџанските сили го зазедоа регионот Нагорно-Карабах населен со етнички Ерменци.

Тој, исто така, порача дека ерменската Влада не се согласува други да носат одлуки за неа, и во тој поглед Република Ерменија напредува кон својот суверенитет, коментирајќи го оддалечување од Русија и развивање на односи со Европската Унија.

– Откако ќе биде регистриран нашиот суверенитет, ќе утврдиме во рамките на нашиот суверенитет со кого и какви односи ќе имаме. Ние одлучуваме во процесот на развивање на тие односи, нагласи премиерот на Ерменија.

ПредходнаВо израелските напади оштетени или уништени се околу 50 проценти од зградите во Појасот Газа
СледнаБелорусија ја проверува подготвеноста на вооружените сили за распоредување нуклеарно оружје