дома Свет Пропалестински студентски протести се шират и во Швајцарија

Пропалестински студентски протести се шират и во Швајцарија

Со недели, студенти ширум светот бараат нивните универзитети да ги прекинат врските со израелските институции поради војната во Газа.

Студентите на Универзитетот во Лозана (УНИЛ) беа првите кои се мобилизираа во Швајцарија, при што неколку стотици заземаа сала во четвртокот вечерта за да побараат прекин на партнерствата со израелските универзитети. УНИЛ одговори во соопштението дека „смета дека нема причина да ги прекине тие односи“.

-Демонстрантите и ректорот ќе се сретнат денеска, јавија швајцарските медиуми.

Движењето денеска се прошири на престижниот универзитет ЕПФЛ во Лозана, каде група студенти ја окупираа салата на универзитетот.

Студентите бараат „академски бојкот“ на израелските институции и „запирање на цензурата во ЕПФЛ“, а ги повикаа и другите универзитети да се приклучат.

Студенти протестираа денеска во влезниот хол на ЕТХ Цирих извикувајќи „Слободна Палестина“ пред да бидат растерани од полицијата.

ПредходнаИ во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
СледнаДевизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра