дома Свет Санду: Молдавија сака да го реинтегрира Придњестровје пред членството во ЕУ

Санду: Молдавија сака да го реинтегрира Придњестровје пред членството во ЕУ

22

 Претседателката на Молдавија, Маја Санду денеска изјави дека Кишињев се стреми да ја реинтегрира самопрогласената Придњестровска република, поддржана од Русија, пред земјата да стане членка на Европска Унија.

– Сакаме да ја подготвиме земјата за интеграција во ЕУ до 2030 година. Идеално, реинтеграцијата на земјата (Придњестровје) ќе се случи пред пристапот (на Молдавија) во ЕУ, и ние работиме за тоа, посочи Санду, која е во посета на главниот град на Норвешка, Осло.

Таа додаде дека тоа не зависи само од Молдавија.

ПредходнаТурција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
СледнаСафади: Нетанјаху мора да се соочи со реални последици