дома Свет Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел

Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел

21

„Со спроведувањето на копнената офанзива во Рафа, само еден ден откако Хамас го прифати предлогот на Катар и Египет за прекин на огнот, Израел додаде ново воено злосторство на оние што веќе ги изврши на територијата на Палестина од 7 октомври. напиша Јилмаз на платформата Икс.

Тој додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „сите оние на власт кои молчат на крајот ќе сносат одговорност пред човештвото“.

Јилмаз најави дека Турција ќе направи сè за да ја казни израелската влада за кршење на меѓународното право.

Израелската армија (ИДФ) претходно денеска објави дека ја презела оперативната контрола над палестинската страна на јужниот премин Рафа во Газа, кој граничи со Египет.

ПредходнаСторми Даниелс сведочи на судењето против Трамп
СледнаСанду: Молдавија сака да го реинтегрира Придњестровје пред членството во ЕУ