дома Свет Украинската служба за безбедност осуети обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност осуети обид за атентат врз Зеленски

20

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска.

ПредходнаКирби: Русија треба само да ги повлече своите трупи
СледнаШолц ја повика Кина да преземе поголема улога во помагањето на сиромашните земји со нивните должнички проблеми