дома Свет Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин,...

Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел

20

– По многубројните дискусии со претставниците на земјите членки, на сите нив им порачав дека според мое мислење не треба да се присуствува на таа инаугурација и мислам дека мнозинството од земјите членки нема да присуствуваат, изјави Борел.

И покрај сите повиците од страна на меѓународната заедница, САД, земјите членки на ЕУ... до израелскиот премиер (Бенјамин) Нетанјаху да на ја напаѓа Рафа, нападот почна минатата ноќ. Се плаша

Тој додаде дека неприсуството на церемонијата го смета за правилна одлука, бидејќи како што рече, на крајот Путин е некој против кого има покренато обвинение од страна на Меѓународниот кривичен суд.

– Би било и контрадикторно да се присуствува на церемонијата, ако претходно оценивме дека претседателските избори не беа фер и слободно. Затоа мој совет до земјите членки е да не присуствуваат, нагласи Борел, додавајќи дека сепак на крајот суверена одлука на секоја држава е дали ќе присуствува на церемонијата.

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција.

ПредходнаБорел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел
СледнаПутин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат