дома Спорт Американската тениска федерација ќе плати висока глоба по тужба за сексуално насилство

Американската тениска федерација ќе плати висока глоба по тужба за сексуално насилство

3

Американската тениска асоцијација мора да ѝ плати отштета на тенисерката Кајли Мекензи (25) во износ од девет милиони долари по тужба за сексуален напад, објави денеска Атлетик.

Тенисерката ја поднесе тужбата во 2022 година.
Во текот на судскиот процес беше откриена вмешаност на нејзиниот тренерот во сексуално насилство.
Инцидентот датира од 2018 година, кога Мекензи беше на 19-годишна возраст, а нејзиниот тренер Анибал Аранда на возраст од 34 години.
Судот пресуди дека американската тениска Федерација не успеала да ја заштити тенисерката.
Мекензи во 2015 година дојде до четвртфиналето на УС Опен.

ПредходнаРеал ќе биде крунисан на 14 мај
СледнаАвстриецот Тием се повлекува од тенисот на крајот од сезоната