дома Свет Британска десничарска пратеничка пребегна во левичарските лабуристи

Британска десничарска пратеничка пребегна во левичарските лабуристи

39

На запрепастување на сите, денеска една британска пратеничка, десничар, официјално пребегна од владејачката Конзервативна партија на премиерот Риши Сунак во главната опозициска Лабуристичка партија, која е лево ориентирана, и го обвини Сунак дека водел „влада на хаосот“, пренесе Бета.

Натали Елфик веќе се пресели на спротивната страна од салата на Долниот дом и се приклучи на Лабуристичката партија на опозицискиот лидер Кир Стармер, кој, најверојатно, ќе се врати на власт по 14 години на општите избори што треба да се одржат оваа година, наведува Бета.

Според нејзините зборови, „конзервативците под Риши Сунак станаа синоним за неспособност и поделеност“.

-Мораме да ја оставиме зад себе уморната влада со неисполнети ветувања на хаосот на Риши Сунак, рече Елфик од изборната единица Довер во јужна Англија, каде што мигрантите се спуштаат кога илегално пристигнуваат од Франција со брод.

Пребегнувањето на Елфик е особено изненадувачки бидејќи таа беше десно крило на Конзервативната партија и многу ги критикуваше лабуристите.

ПредходнаПротест на вработени во институциите на ЕУ против израелските воени операции во Газа
СледнаНетанјаху и шефот на ЦИА разговарале за „паузирање“ за нападот врз Рафа