дома Свет Во ЕУ разгледуваат нови санкции за Русија – таргет би бил секторот...

Во ЕУ разгледуваат нови санкции за Русија – таргет би бил секторот за течен природен гас

2

 ЕУ разгледува потези за да ги прошири своите санкции против Москва поради војната во Украина и да го таргетира рускиот сектор за течен природен гас, изјавија дипломати на ЕУ.

Целта е дополнително да се погодат приходите на Русија бидејќи расте загриженоста дека претходните санкции не и наштетуваат толку колку што сака ЕУ.

Амбасадорите на ЕУ разговараа за предлогот за ЛНГ за време на состанок одржан денеска, но дипломатот на ЕУ рече дека разговорите се уште се во рана фаза.

ЕУ веќе воведе 13 рунди на санкции против Русија од нејзината инвазија на Украина во 2022 година, од кои многу се насочени кон нејзиниот клучен извоз на нафта и гас.

Пристаништата во Белгија, Франција, Холандија и Шпанија се главните точки за испорака на ЛНГ од рускиот сибирски полуостров Јамал, соопшти германската еколошка организација Ургевалд.

Белгиското пристаниште Зибриж и француското пристаниште Монтоар се особено важни центри за повторен извоз во земји како Кина, Тајван или Турција, се вели во нејзината студија во март.

Предлогот, исто така, бара да се забрани какво било учество на ЕУ во новите руски проекти за ЛНГ.

ПредходнаРеал и Баерн вечерва одлучуваат за вториот финалист во ЛШ.
СледнаИзраелското бомбардирање предизвика штета од 1,5 милијарди долари во јужен Либан