дома Политика Втор круг од претседателските избори

Втор круг од претседателските избори

4

Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 гласачи запишани во Избирачкиот список. За претседател ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 проценти од избирачите. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Доколку биде исполнет цензусот и биде избран претседател на државата, неговата инаугурација треба да биде на 12 мај.

Во случаите кога ДИК со решение ќе го повтори гласањето во вториот изборен круг по листи на кандидат, повтореното гласање во вториот изборен круг се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на вториот круг на гласањето во роковите определени од ДИК согласно Изборниот законик.

Од СДСМ побараа извинување од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова за навредите кон актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој се кандидира за втор мандат, к

На 24 април, на првиот круг од изборите, Силјановска Давкова освои 363.085 гласови, а Пендаровски доби 180.499 гласа. На изборите имаше вкупно седдумина кандидати. Излезноста на гласачите на првиот круг од претседателските избори беше 48,38 отсто односно на гласање излегоа 828.402 гласачи од вкупно запишаните 1.814.317 во Избирачкиот список.

Гласачите денеска ќе можат само еднаш да одат на избирачкото место и да се изјаснат за двата вида избори или да гласаат само за претседателските или за парламентарните избори. Идентификацијата ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Гласањето се спроведува на 3480 избирачки места, а на 120 места има помалку од десет избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето завршува во 19 часот. На гласачите кои се затеканти во избирачките места ќе им биде овозможено да гласаат. Резултатите од гласањето се очекува да бидат познати најдоцна до полноќ.

Вчера за претседателските избори гласаа иселениците, додека и за претседателските и за парламентарните избори и болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и две раселени лица.

Ова е вторпат Силјановска Давкова и Пендаровски да бидат противкандидати на избори за претседател на државата. На минатите претседателски избори во вториот круг од изборите победи Пендаровски. Доколку Силјановска Давкова победи на овие избори, првпат земјата ќе има жена претседател. 

ПредходнаЗа победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови
СледнаГласање, броење, резултати, жалби