дома Македонија ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,34 проценти за претседателските избори, 53,32 проценти...

ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,34 проценти за претседателските избори, 53,32 проценти за парламентарните

55

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски попладнево изјави дека има солидна излезност.  До 18:30 часот на претседателските избори излезноста е 46,34 отсто. На парламентарните избори излезноста е 53,32 отсто.

Врз основа на податоците од веб страната Државната изборна комисија (ДИК) на гласање излегле 767.715 гласачи.

Најголема излезеност за претседателските избори има во Новаци со 72,76  проценти, а најмала во Липково со 7,35 проценти.

Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година, има зголемување на излезеноста од 1,84 проценти, соопшти ДИК.

– Има солидна излезност, солидна бројка. До 18:30 часот процентот е 46,34 проценти од 58 проценти обработени продатоци, изјави Даштевски за централниот дневник на „Сител“ телевизија.

За парламентарните избори најголема излезност има во Кривогаштани 82,43 проценти, а најмала во Центар Жупа 18,62 проценти.

По изборни единици излезноста е следна:

Во Првата изборна единица излезноста е 59,14 проценти, во Втората 48,61 процент, во Третата 57,87 проценти, во Четвртата 57,49 проценти, во Петтата 53,45 проценти и во Шестата изборна единица 37,36 проценти.

Како што информираат од ДИК до нив доставени се вкупно 490 приговори за заштита на личното избирачко право.

– Од нив, 262 е овозможено да го остварат своето право на глас, 33 приговори се отфрлени како неуредни, а 88 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, велат од ДИК.

Се очекува ДИК да одржи прес-конференција во 19:30 часот.

ПредходнаНетанјаху и шефот на ЦИА разговарале за „паузирање“ за нападот врз Рафа
СледнаГордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори, а ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати