дома Култура Објавен романот „Татковина to go“ на Роберт Меѓуречан

Објавен романот „Татковина to go“ на Роберт Меѓуречан

5

 Објавен е романот  „Татковина to go“ на хрватскиот писател Роберт Меѓуречан во издание на „Перун Артис“ од Битола.

Како што соопшти издавачот, овој роман е сага за емигрантските судбини на оние кои се разочарале од својата судбина во својата земја. Романот ја раскажува судбината на Шимун, професор по книжевност кого семејната трагедија го испраќа на работа во Германија.

– Меѓуречан, како умешен и талентиран автор низ целото дејствие создава галерија од ликови чии судбини не не оставаат рамнодушни. Неколкуте раскажувачки линии на овој слоевит роман говорат за духот на цивилизацијата која умира и повторно се раѓа, за едно страдање кое е наследство од дамнина, но и за една недоумица која се однесува на доживувањето на „својата“ и „туѓата“ земја. Сите ликови и сите судбини имаат своја болка, своја несреќа, но тие ликови имаат и една Вавилонска вистина во себеси, а таа вистина се мери со разбирањето на човекот како општествено суштество колку и да звучи сувопарно сето тоа, се вели во соопштението.

Роберт Меѓуречан е роден во 1969 година во Загреб. Неговиот прв роман „Продавам одликувања, прв сопственик“ (2008) беше номиниран на сите конкурси за книга на годината. Вториот роман „Кога јагнињата замолкнуваат во Здихово“ (2011) го продолжува книжевното пресметување со девијациите од блиското минато. Третиот роман „Крлетка за глинениот гулаб“ (2019), затвора еден вид трилогија за нашите падови во време кога нашите фудбалери хараат низ Светското првенство. Пишува драми, сценарија, свири, компонира песни за ситни пари. Лесно се расплакува на цигански романси. Научен деснак, неговиот лев волеј сè уште е поразителен. Романот „Татковина to go“ е негов најнов роман. Живее и работи во Загреб.

Предходна„Лена и Владимир“ награден за најдобар долгометражен филм на фестивалот во Дубјук
СледнаУметницата Александра Ацеска изложува во Гуангжу, Кина