дома Спорт Барселона потпиша нов договор со тинејџерот Кубарси

Барселона потпиша нов договор со тинејџерот Кубарси

21

Младиот шпански фудбалер Пау Кубарси го продолжи договорот со Барселона до 2027 година, објави денеска каталонскиот гигант.

„ФК Барселона и стоперот Пау Кубарси постигнаа договор за продолжување на неговиот договор, што ќе го врзе со клубот до 30 јуни 2027 година“, соопшти Барселона.

Клубот додаде дека откупната клаузула за 17-годишниот Кубарси изнесува 500 милиони евра.

Кубарси, кој потекмува од академијата Ла Масија, заедно со 16-годишниот напаѓач Ламин Јамал, се новите лица во подмладениот тим кој го предводи Чави.

ПредходнаУнион Сен-Жил го освои белгискиот Куп по пауза од 110 години
СледнаЃорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава