ВМРО – ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав. Тоа го покажуваат последните објавени резултати на ДИК по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачки места.
Зад неа е Коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт со освоени 19 мандати.
СДСМ по овие избори стана трета политичка сила со освоени 18 мандати во идниот собраниски состав.
Коалицијата Вреди освои 13, „Левица“ шест и партијата ЗНАМ шест пратенички мандати.
Одѕивот на парламентарните избори, согласно првичните податоци, е 55,19 отсто.
Ова се првичните вчерашните неофицијални резултати од парламентарните избори, што се одржаа истовремено со вториот круг од претседателските избори.
Сега почнуваат да течат роковите за приговори за изборите и тие завршуваат на 10 мај до 23:30 часот.