дома Uncategorized ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати, ДУИ 19, а СДСМ 18

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати, ДУИ 19, а СДСМ 18

4

ВМРО – ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав. Тоа го покажуваат последните објавени резултати на ДИК по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачки места.

Зад неа е Коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт со освоени 19 мандати.

СДСМ по овие избори стана трета политичка сила со освоени 18 мандати во идниот собраниски состав.

Коалицијата Вреди освои 13, „Левица“ шест и партијата ЗНАМ шест пратенички мандати.

Одѕивот на парламентарните избори, согласно првичните податоци, е 55,19 отсто.

Ова се првичните вчерашните неофицијални резултати од парламентарните избори, што се одржаа истовремено со вториот круг од претседателските избори.

Сега почнуваат да течат роковите за приговори за изборите и тие завршуваат на 10 мај до 23:30 часот.

ПредходнаЕурактив за вчерашните избори во Република Северна Македонија
СледнаНајдоцна до 12 мај Собранието треба да ја прогласи Сиљановска Давкова за претседател, тогаш му истекува мандатот на Пендаровски