дома Спорт Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли

Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли

4

Финалистите во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе добијат по 25.000 билети за финалниот натпревар во Лондон, објави денеска шпанското радио „Кадена Копе“.

Според истиот извор, Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе пушти во продажба 10.000 билети преку својата официјална веб-страница, а 26.600 ќе им бидат достапни на спонзорите и другите партнери на УЕФА.

Цените на билетите ќе се движат од 70 до 710 евра.

Големото финале во најпрестижното европско клупско фудбалско натпреварување ќе се одигра на 1 јуни на лондонски „Вембли“.

ПредходнаАлбанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
СледнаНачо се сели од Реал во САД или Саудиска Арабија