дома Балкан Во Србија бројот на мигранти е намален за 73 отсто во однос...

Во Србија бројот на мигранти е намален за 73 отсто во однос на минатата година

40

  Српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека бројот на мигранти во Србија е намален за 73 отсто во однос на лани, а дека намалувањето на бројот на мигранти датира од минатата есен.

Таа за весникот „Политика“ изјави дека тоа во голема мерка е резултат на нововоспоставената соработка меѓу властите на Турција и Грција на полето на спречување на нерегуларна миграција на Егејското Море и на копнената рута.

„Состојбата со миграцијата во Србија е стабилна – сите институции се одговорни и континуирано си ја вршат својата работа и се подготвени доколку има зголемен број на мигранти“, рече Станисављевиќ.

Според податоците на Комесаријатот за бегалци и миграции, од почетокот на годинава се регистрирани вкупно 6.705 лица, а во однос на истиот период од претходната година кога биле регистрирани 24.640 мигранти, тоа претставува намалување за 17.935. лица.

ПредходнаБлинкен до Зеленски: Слободна, напредна Украина е најсилниот отпор кон Путин
СледнаЛани граѓаните за онлајн купување потрошиле 573,4 милиони евра, најмногу е-трансакции кон Холандија