дома Свет Во Турција уапсени 544 лица поради врски со Фетула Ѓулен

Во Турција уапсени 544 лица поради врски со Фетула Ѓулен

32

Турските власти уапсија 544 лица осомничени за врски со  свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година.

-Во операцијата спроведена во 62 од 81 турски провинции се уапсени 544 лица, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х.

Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и користеле шифриран комуникациски систем Бајлок.

ПредходнаКвинта: Забраната за посета на Порфирие на Косово е спротивно на планот на Ахтисари и обврските од дијалогот
СледнаГрузија го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“, што предизвика хаос во земјата