Каратистите на Макпетрол, Витомир Трајковки (-84 кг) и Стефан Стојановиќ (+84кг) ќе учествуваат на Светската младинска лига во Ла Коруња, Шпанија во периодот од 16-19 мај.
Во моментов и во период од веќе две години Витомир Трајовски (– 84 кг) е прворангиран на светската ранг листа, додека Стефан Стојановиќ е второрангиран на светската ранг листа во категоријата (+84 кг).
Со каратистите ќе биде и тренерот Петар Заборски.
Во Шпанија ќе учествуваат 3.032 спортисти од 76 држави.