дома Свет СЗО верува во билансот на жртви на Министерството за здраство во Газа

СЗО верува во билансот на жртви на Министерството за здраство во Газа

37

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека има целосна доверба во бројот на загинати во Газа на Министерството за здравство, додека Израел изразува сомнежи за оваа бројка.

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое управува палестинското движење Хамас, минатата недела даде нови информации за вкупниот број загинати – околу 35.000 Палестинци, од кои 25.000 се идентификувани.

-Фактот што сега имаме 25.000 идентификувани лица е чекор напред, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмајер во Женева, оценувајќи дека се е во ред со податоците на Министерството во Газа.

Фархан Хак, портпарол на ОН, рече дека новата бројка е помала бидејќи не се идентификувани сите загинати, и тој очекува континуираната идентификација да го зголеми официјалниот број на убиени жени и деца.

ОН претходно негираа дека билансот на жртвите меѓу жените и децата бил променет и дека бројот е помал, што укажува на конфузија помеѓу вкупниот број загинати и бројот на оние кои не се идентификувани.

Откако на интернет страницата на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) првпат се појавија изменетите податоци на Министерството во Газа за бројот на загинати, произраелските медиуми и коментатори тоа го претставија како доказ дека ОН претерале со бројот на жртви, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Новите бројки покажаа дека погинале 24.686 луѓе, вклучувајќи 7.797 деца и 4.959 жени, што е околу половина од бројот од претходните извештаи.

ОН, меѓутоа, соопштија дека проценетиот биланс за вкупниот број жртви останува околу 35.000.

ПредходнаОдбиена жалбата на најголемиот актуелен непријател на Путин: Кара-Мурза останува во затвор 25 години
СледнаДуда: Русија доколку победи во Украина може да нападне и други земји