дома ТОП ВЕСТИ Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка

Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка

42

  По повеќе од пет месеци поминати во екстрадициски притвор во Турција, синоќа во земјава е екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски.

Палевски синоќа со конвој од пет возила на Интерпол, беше спроведен во Истражниот затвор Шутка, откако претходно слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул Скопје, потврди за МИА директорот на затворот Филип Андов.

Васко Стојков, адвокат на, Љупчо Палевски - Палчо, кој е првоосомничен за организирањето на киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски изјави дека тој лично го однел Палчо в

МВР го потврди завршувањето на процесот на екстрадиција на Палевски, посочувајќи дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.

Лицето, како што соопшти МВР, е пренесено во КПУ Затвор Скопје.

Се очекува негов распит пред истражен судија и 30-дневен притвор во посебна ќелија, каде ќе биде под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Палевски минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

Според информациите од истрагата кои тогаш на прес-конференција ги изнесоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на скопското Основно јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, Вања била грабната во влезот од зградата во која живеела, а потоа во вреќа за спиење била ставена во гепек на возило и однесена на локација надвор од Скопје, каде што е убиена.

Убиството на велешанецот, пак, се случило пет дена претходно, односно на 22 ноември. Според информациите што беа досега соопштени, тој бил избран од осомничените поради неговиот автомобил, кој потоа бил користен при грабнувањето на Вања.

Во ООУ „Јохан Хајнрих - Песталоци

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор од неодамна е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка.

Сите носители на јавни овластувања во судските постапки - судиите, адвокатите, обвинителите да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување - тоа да биде санкционирано, апелир

– Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте, стои во објавата на Министерството за правда на Фејсбук.

ПредходнаЗакани кон претседателката на Уставниот суд
СледнаСЕ: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман кон затвореницитe