дома Спорт Македонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна

Македонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна

29
Македонската одбојкарска репрезентација синоќа во Струмица загуби од Естонија со 3:1 во првото коло на Европската златна лига.

Македонците го добија само вториот сет со 25:14, а гостите првиот со 25:23, третиот со 25:19 и четвртиот со 25:22.

Резултати на другите натпревари одиграни вчера:
Романија – Азербејџан 3:0
Хрватска – Финска 3:1
Луксембург – Португалија 0:3.

Следниот натпревар македонската репрезентација ќе го има утре, со Чешка, исто така во салата „Парк“ во Струмица.

ПредходнаСаутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата
СледнаЗеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев