дома Спорт Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер...

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

37

 Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.

Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс.

ПредходнаФонсека подготвен да стане нов тренер на Милан
СледнаМакедонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна