дома Спорт Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

52

 Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот.

ПредходнаВо Санкт Петербург седум повредени при експлозија на муниција од Втората светска војна
СледнаСаутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата