Во ИЕ 1, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 80 963 гласови и 10 мандати, коалицијата „За европска иднина“ – СДСМ има 27 164 гласови и три мандати, Левица освоила 20 989 гласови и два мандата, коалицијата „Вреди“ 21 627 гласови и два мандата, коалицијата „Европски фронт“ 20 586 и два мандата, додека Движењето ЗНАМ 11 944 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 2, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 66 422 освоени гласови и осум мандати, коалицијата „Европски фронт“ – ДУИ 60 625 гласа и четири мандати, коалицијата „Вреди“ 25 864 гласови и три мандати, ЗНАМ 16 264 гласови и два мандата, коалицијата „За европска иднина“ – СДСМ 18 631 глас и два мандата и Левица 10 654 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 3, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ добила 96 545 гласови и 14 мандати, коалиција „За европска иднина“ 33 601 глас и 4 мандати, Левица 13 404 гласови и еден мандат, додека ЗНАМ 9 426 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 4, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 96 551 глас и 13 мандати, коалиција „За европска иднина“ – СДСМ 41 965 гласа и пет мандати, Левица 12 428 и еден мандат и ЗНАМ 8 416 гласови и еден мандат.