дома Балкан Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на...

Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори

42

Нова демократија е стабилна на првата позиција со 29,1 отсто, СИРИЗА е втора со 13,5 проценти, на третото место е ПАСОК со 10,6 отсто, а десничарската националистичка партија Грчко решение е четврта политичка сила во земјата со 8,7 проценти.

Во однос на тоа колкав е интересот на граѓаните за европските избори 65,1 отсто од анкетираните вели „многу“ или „доста“, додека пак на прашањето колку е веројатно да не излезат на гласање, 77 проценти одговориле „малку“ или „воопшто“.

На европските избори во 2019 година, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто.

Истражувањето на јавното мислење на „Opinion poll“, за грчката телевизија „Action24“ било спроведено од 15 до 18 мај со анкетирани 1.006 лица.

ПредходнаРечиси 150 земјотреси за помалку од пет часа во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
СледнаСтравотни манипулации на Атина со Преспанскиот договор