Новото електрично возило за чистење Грин Машинс на БРАКО привлече значајно внимание кај посетителите на најголемиот европски саем за комунална опрема и еколошки технологии – IFAT во Минхен. Посетителите беа главно претставници на општини, на специјализирани претпријатија и компании за јавна хигиена, кои на саемот бараа најдобри и најповолни решенија за одржување хигиена во урбани средини.
Новата електрична машина за чистење Грин Машинс, произведена во велешката фабрика, е најдобра во својата категорија на свипери и ќе отвори нови пазари во светот, таму каде се бараат возила за чистење со овие перформанси.
Оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, кој беше присутен на саемот во Германија, изјави дека електричните и хидрогенски возила на македонската фирма се високо ценети на пазарот и во многу нешта подобри од светската конуренција, која меѓу другите се состои и од американски, германски и француски производители.
,,Имаме наши фирми во САД, Обединетото Кралство, Германија , Холандија, сега влеговме во Мексико, а имаме продажна мрежа низ цел свет. Македонските електрични и хидрогенски возила за чистење се поквалитети и поевтини од тие на светската конкуренција и затоа успеваат да се продадат во над 60 земји. Можам да кажам дека како тим сме горди на нашата работа, горди сме што овде на саемот имавме што да му покажеме на светот”- изјави оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев.
Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за истражување и развој на БРАКО/Грин Машинс и експерти од Машинскиот факултет во Скопје.
ПР текст