дома Свет Норвешка ја призна палестинската држава

Норвешка ја призна палестинската држава

38

 Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, соопшти денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и покрај предупредувањата од израелската влада.

– Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел, рече норвешкиот премиер на специјално свикана прес-конференција. Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“.

Се очекува и други европски земји денеска да преземат слична иницијатива. Шпанскиот премиер Педро Санчез се очекува да го објави датумот кога Мадрид ќе ја признае палестинската држава, а ирската влада утринава свика прес-конференција за да ја објави својата одлука.

ПредходнаПрегласување во седум избирачки места
СледнаНорвешка најави дека ќе го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница