дома Свет ПЛО им се заблагодари на земјите кои ја признаваат палестинската државност

ПЛО им се заблагодари на земјите кои ја признаваат палестинската државност

26

  Генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Хусеин ал-Шеик се заблагодари на X по најавите на Шпанија, Ирска и Норвешка дека ќе ја признаат палестинската државност.

– Историски моменти во кои слободниот свет триумфира за вистината и правдата по долги децении палестинска национална борба, страдање, болка, окупација, расизам, убиства, угнетување, злоупотреба и уништување на кои беше подложен народот на Палестина. Им благодариме на земјите во светот кои ја признаа и ќе ја признаат независната држава Палестина. Потврдуваме дека тоа е патот кон стабилноста, безбедноста и мирот во регионот, напиша Ал-Шеик на Х.

Ирска, Шпанија и Норвешка денеска соопштија дека ќе ја признаат палестинската држава.

ПредходнаСловенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“
СледнаМакедонска премиера на краткиот филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова