Гордана Сиљановска-Давкова денеска беше на прием кај Папата во Ватикан. Му подари резба со мотив од птицата Феникс како симбол на бесконечноста. Римокатоличкиот поглавар доби и икона испратена специјално од поглаварот на МПЦ-ОА, Г.Г. Стефан, а генералниот секретар на Ватикан прими украс од народна носија.
И со тоа привршија денешните активности на претседателката, иако идентично како и Сиљановска – Давкова, во посета на Ватикан отиде и нејзиниот колега-претседател од соседството, Румен Радев.
На истата локација се појавија двајцата, но аудиенцијата кај Папата Франциск се одржа во различни термини – доволно за да се разминат и покрај првично искажаната волја да се сретнат.
Извори од претседателскиот кабинет брифираа дека целта на Гордана Сиљановска – Давкова е да покаже подготвеност за водење конструктивна надворешна политика, а средбата со Радев би била во насока на подобрување на односите помеѓу двете држави.
Неофицијално дознаваме дека условот на Бугарија бил средбата да се одржи во бугарската амбасада во Италија.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во Рим и Ватикан ја предводи државната делегација. Со ова, таа ја запиша првата меѓународна посета откако стапи на функцијата претседател на државата.
Првата средба со шеф на држава, Сиљановска-Давкова ќе ја има утре, со претседателот на Италија, Серџо Матарела.
Пред три години, тогашниот претседател Стево Пендаровски отпатува во Рим заедно со Румен Радев, на свеченостите за светите браќа. И тогаш имаше обид Радев да ја навлеце делегацијата на МАкедонија да бидат гости во бугарската амбасада, и да се потпише договор за соработка мегу двете агенции, но беше одбиено од македонаска страна по сто договорт на МИА-БТА беше потпишан во канцеларијата на ЕУ во РИМ
Сепак , тензиите во односите продолжија и понатаму, а резултираа со вето за Македонија, од страна на Бугарија.Подоцна БТА ја блокираше и МИА за влез во ЕАНА европската мрежа на агенции.