дома Спорт Агаси од 2025 капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот

Агаси од 2025 капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот

28

Поранешниот светски рекет број еден Андре Агаси ќе биде капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот од 2025 година.

Агаси на клупата ќе го замени Џон Мекинро, кој го водеше Тимот на Светот од премиерното издание на Лејвер купот во 2017 година во Прага.
„Навистина ми е чест да ја прифатам поканата да бидам капитен на Тимот на Светот во Лејвер Купот. За само седум години од почетокот, Лејвер Купот донесе уживање за навивачите вклучувајќи ме и мене, да ги гледаме најдобрите тенисери, кои се здружуваат во тимови и се натпреваруваат еден против друг во една исклучителна тимска средина“, рече Агаси.
Лејвер купот оваа година ќе се игра од 20 до 22 септември во Берлин. Тимот на Светот ќе го предводи Мекинро, а Тимот на Европа тениската легенда Бјорн Борг.
Агаси ќе седне на местото на Мекинро од 2025 година и турнирот што ќе се одржи во Сан Франциско.

ПредходнаКултурен перформанс „Простор за разговор“ во Битола
СледнаГермански медиум плати отштета од 200.000 евра за лажно интервју со Шумахер