дома Свет Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

25

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека признавањето на палестинската држава не е подарок за палестинската милитантна група Хамас.

„Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас, напротив“, изјави Борел, наведувајќи дека палестинските власти не се Хамас и дека, напротив, тие се длабоко во конфликт.

Борел истакна дека ЕУ веќе ги финансирала палестинските власти и се сретнала со нив и посочи дека секогаш кога некоја земја ќе донесе одлука да ја поддржи палестинската држава, Израел тоа го прогласува за антисемитски напад.

ПредходнаГермански медиум плати отштета од 200.000 евра за лажно интервју со Шумахер
СледнаРелативно мирна ноќ во Нова Каледонија по повеќе од една недела немири