Околу 100 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во зафрлено село на северот на Папуа Нова Гвинеја, објави денеска австралиската телевизија Еј-Би-Си.
Во тек е акција за извлекување на телата на загинатите од одронот што го погоди околу 3 часот наутро по локално време селото Каокалам во провинцијата Енга, соопшти телевизијата.