дома Спорт Жиру се повлекува од репрезентацијата по ЕП 2024

Жиру се повлекува од репрезентацијата по ЕП 2024

31

Светскиот шампион Оливие Жиру најави дека претстојните натпревари на Европското првенство ќе му бидат последни со националниот дрес на Франција. Во септември напаѓачот ќе наполни 38 години и веќе одлучи да не игра за „петлите“.

-Очигледно е дека ќе ми недостига репрезентацијата, но убеден сум дека моето време со неа треба да заврши по летото. Време е да им отворам пат на младите играчи, изјави Жиру за „Екип“.

Тој моментално ги поминува своите последни денови во Милан бидејќи треба да се приклучи на ФК Лос Анџелес.

Жиру за францускиот тим дебитираше во 2011 година и досега има 131 натпревар со 57 голови на нив.

ПредходнаМегваер го пропушта финалето на ФА Купот
СледнаДржавата Њујорк ќе обезбеди финансиска помош за локалните медиуми за вработување и задржување на новинари