дома Култура Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

23

   Во рамки на проектот „Простор за разговор“, невладината организација ХЕРА денеска во Битола приреди културен перформанс, чија цел е подигнување на свеста за родовата еднаквост.

Проектот „Простор за разговор“ овозможува преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс, да се зајакнува чувството на припадност кон заедницата и поттикнување на маргинализираните и социјално ранливите да се вклопат во заедницата, соопштија од ХЕРА.

-Како уметник сметам дека е многу важно да можеме на друг начин да придонесеме во општеството и навистина се радувам на оваа соработка, истакна Рисма Рисимкин, уметник и универзитетски професор, додека пак Драгана Каровска Чемерска посочи дека е потребно општество во кое граѓаните се информирани, слушнати и поддржани преку разбирање и прифаќање на родовата еднаквост која е основа за слободен израз и остварувањето на сечиј потенцијал.

На културниот перформанс во Битола се обрати и психологот Александра Мицевска која истакна дека родовата нееднаквост има реперкусии за менталното и физичкото здравје.

-Еднакви права не значи помалку права за еден или друг, не се потребни поделби, бидејќи не носат ништо добро. Во поглед на родовата еднаквост, секој од нас е камче од мозаикот во големата слика, и ако сакаме да имаме општество во кое секој еден може да си дојде до израз, потребен е придонес и од мажите и од жените, посочи Мицевска.

„Простор за разговор“ на почетокот на јуни ќе се изведува на културните сцени во Охрид и Струга

ПредходнаПакета обвинет за наводно кршење на правилата на обложување
СледнаАгаси од 2025 капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот