дома Свет Светскиот суд ќе одлучи за барањето за запирање на израелската офанзива врз...

Светскиот суд ќе одлучи за барањето за запирање на израелската офанзива врз Рафа

25

Судиите во највисокиот суд на ОН денеска ќе донесат одлука за барањето на Јужна Африка да му се нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафа и да се повлече од Газа, дел од поширокиот случај во кој Израел е обвиет за геноцид.

Јужноафриканските застапници побараа од судот минатата недела итна мерка, нагласувајќи дека израелските напади врз јужниот град Газа „мора да престанат“ за да се обезбеди опстанок на палестинскиот народ.

Пресудите на Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, се конечни и обврзувачки, но во минатото биле игнорирани. Судот нема извршни овластувања.

Израел постојано ги отфрла обвинувањата за геноцид како неосновани. Пред судот тврдат дека операциите во Газа биле самоодбрана и дека се насочени кон милитантите на Хамас кои го нападнаа Израел на 7 октомври лани.

ПредходнаЏефри Ховениер: Приштина во 2013 година се обврза за ЗСО
СледнаВо лизгање на земјиште на Папуа Нова Гвинеја загинаа околу 100 луѓе