Македонскиот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово го награди актерот Сашко Коцев со „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата. Наградата ќе му биде врачена на денот на отворањето на фестивалот кон крајот на септември.
– Посебен ден за мене – напиша тој на својот фб-профил.
Сашко Коцев е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар каде игра во поголемиот дел од репертоарот. Повеќе од две децении тој паралелно реализира стендап-настапи, а токму последен актуелен му е „Широк дијафазон“, кој и по неколку месеци се уште го полни гледалиштето на МНТ, но и секаде каде што гостува.