дома Без филтер СДСМ БРКАШЕ ГОЛЕМИ ТЕМИ, ВМРО СЕ ЗАНИМАВА СО МАЛИТЕ ПРОБЛЕМИ

СДСМ БРКАШЕ ГОЛЕМИ ТЕМИ, ВМРО СЕ ЗАНИМАВА СО МАЛИТЕ ПРОБЛЕМИ

47

 

Во последното издание на поткастот „Политиканти“, додека се конституираше новиот состав на Собранието на РСМ, а преговорите за новата влада се одвиваат „мазно“ и кај и да е ќе ја бидне, Борјан Јовановски и Сашо Орданоски претресоа некои нови појави на македонската политичка сцена, а и некои кои никако да се искоренат. Како и да се гледаат работите излегува дека во новата влада албанскиот коалициски партнер има најслаби позиции досега, споредено со која било досегашна Влада. Интересен феномен, иако повторлив, е дека десницата во Македонија на избори оди со десница, ама владее со левица што го оптоварува буџетот. Но, ако ги земеме предвид најавите дека даноците ќе се намалуваат, се наметнува прашањето: од каде ќе се финансира левоориентираното владеење на десната коалиција?
Сте слушнале дека Македонија веќе не е интересна земја за странски инвеститори? Зошто? Оти нема работна сила. Ами сега? Кога ќе се потроши милијардата? Борјан тврди дека ако не влеземе во процес на преговори нема ни да се случат реформи. Сашо, пак, тврди дека ЕУ не пополнува финансиски дупки ами за реформи треба или зголемување даноци, на пример на банките, или да продолжиме да се задолжуваме.
Гостин во студиото на Политиканти, со Сашо Орданоски и Борјан Јовановски – е Гордан Георгиев, ко-основач и претседател на Форумот за разумни политики, инаку сериозен политички аналитичар со кој домаќините поразговараа за некои многу битни работи кои некои ги сметаат за небитни.
Анализата на актуелните прашања што нè мачат – иако некои и не ги мачат – слушнете ја во денешното издание на „Политиканти“.

Предходна„Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари во првиот викенд
Следна„Спасувањето на војникот Рајан“ повторно на големиот екран за 80-годишнината од Денот Д