дома Свет Алжир достави предлог-резолуција до СБ на ОН за прекин на израелската офанзива...

Алжир достави предлог-резолуција до СБ на ОН за прекин на израелската офанзива во Рафа

39

Алжир достави предлог-резолуција до Советот за безбедност на Обединети нации со која се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа и се наредува на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во јужниот град Рафа.

Нацрт-резолуцијата исто така повикува на почитување на прекинот на огнот од сите страни, како и итно ослободување на сите заложници земени за време на нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

Со нацрт-резолуција се бара усогласување со претходните резолуции на СБ и отворање на сите гранични премини и хуманитарен пристап за 2,3 милиони луѓе во Појасот Газа на кои итно им е потребна храна и друга помош.

Катастрофалната ситуација во Појасот Газа претставува закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност, се наведува во предлог-резолуцијата и се изразува голема загриженост поради „гладот што се шири во Појасот Газа“ и страдањето на палестинските бегалци во Рафа.

Дипломатите се надеваат дека за предлог-резолуцијата на Алжир брзо ќе се гласа, можеби и денеска. САД ставија вето на повеќе резолуции со кои се бара прекин на огнот во Појасот Газа.

ПредходнаАмнести: Примена на смртната казна во светот на највисоко ниво од 2015 година
СледнаЧешката иницијатива собраа 1,6 милијарди евра воена помош за Украинa