дома Магазин „Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари во првиот викенд

„Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари во првиот викенд

33

Сепак, „Фуриоза“ го надмина „Гарфилд“ (The Garfield Movie), којшто заработи „едвај“ 31,1 милион долари.

Претходниот, 4. дел од сагата, „Лудиот Макс: Пат на бесот“ од 2015 година беше објавен во „обичен викенд“ и првично заработи околу 45 милиони долари во САД, а 380 милиони долари на ниво на светот во првите три дена прикажување.

Инаку, буџетот на „Фуриоза“ се проценува на 168 милиони долари. Се предвидуваше дека филмот ќе има барем сличен успех како „Пат на бесот“.

Приказната се одвива 15 – 20 години пред настаните на „Лудиот Макс 4“, кога Фуриоза била киднапирана од нејзиното мирно село како дете. Ања Тејлор-Џој ја глуми помладата верзија на воинката Фуриоза, која првпат ја глумеше Шарлиз Терон во претпоследниот филм. Сагата е за девојчето кое пораснало со своите киднапери Лорд Дементус (Крис Хемсворт) и Имортан Џо (Лаки Хјум) и кое како млада воинка тргнува во одмазда кон луѓето кои ѝ го уништиле животот.

ПредходнаКина ги обучува своите вооружени „кучиња-роботи“
СледнаСДСМ БРКАШЕ ГОЛЕМИ ТЕМИ, ВМРО СЕ ЗАНИМАВА СО МАЛИТЕ ПРОБЛЕМИ