Во изјава за медиумите дадена попладнето пред почетокот на седница на Централниот одбор на партијата, Зајкова рече дека засега ќе делуваат независно и дека ќе дадат поддршка на оние закони кои се да добробит на општеството.
– Партијата ги демантираше ваквите шпекулации уште пред конститутивната седница во Собранието. Денес ќе носиме одлука за тоа каде членовите ја гледаат партијата во иднина. Ова е либерална и демократска партија во која не одлучува само раководството, туку се слуша гласот на членството, каде тие сметаат дека ЛДП треба да дејствува. Дотогаш ЛДП ќе дојствува независно и како и досега ќе дава поддршка на се она што значи реформаторски, добри закони кои овозможуваат напредок на општеството, но ќе биде и критичар на она што значи недобра политика за државата или граѓаните. Не може ЛДП да не даде поддршка на она што значи кратење на одредени органи од јавната управа или реорганизација, нешто што и самата го ставила во програма, рече Зајкова во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Централниот одбор на партијата.
Централниот одбор на партијата на седница расправа за изборниот резултат од парламентраните избори на кои освои само еден пратенички мандат и за тоа во која насока ќе движи партијата во иднина.