дома Балкан Каселакис: Ако Владата смета дека е штетен Договорот од Преспа, нека оди...

Каселакис: Ако Владата смета дека е штетен Договорот од Преспа, нека оди со ВМРО да договори корисен договор

42

Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.

– И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.

Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Северна Македонија“.

-Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“

ПредходнаКинез заработил 99 милиони долари продавајќи пристап до домашните компјутери на киберкриминалци
СледнаГерманскиот чоколаден бренд Ритер Спорт го брани работењето во Русија