Екс министерот за здравство Венко Филипче официјално потврди дека ќе ја трча трката за претседател на внатепартиските избори во СДСМ, кои ќе се одржат на 30. јуни. Долго размилувал, па решил да се кандидира.
„Нашата партија е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Ова е време кога многумина се прашуваат дали СДСМ ќе опстане и каква е иднината на партијата. Но, јас силно верувам дека поразот треба да ни послужи како моќен катализатор за промени и обнова. Мојата цел во следните четири години е да ја обновиме, реформираме и повторно да ја подигнеме СДСМ на ниво кое го заслужува“, напиша Филипче на социјаните мрежи.
Неврохирургот вели дека со неговата кандидатура ќе приложи сеопфатен концепт и програма, која се уште не е официјално претставена.
Во ек на четвртиот ден од рокот за доставување на кандидатури, од партијата не одговараат дали некој кандидат официјално има поднесено програма.
Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска најави дека ќе се кандидира за претседателка на социјалдемократите. И директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски обелодени дека по вторпат ќе си ја проба среќата. Тој до изборната комисија на партијата даде предлог за секој кандидат да достави изјава со која се обрзува дека ако не биде избран за претсател на партијата, нема да прифати ниту една партиска функција ни на централно, ни на локално ниво.
На Петровска не и смета предлогот, ама пак додаде уште еден услов, член на СДСМ, да не смее да се кандидира за претседател по третпат.
А за кандидатура се уште размислува и првиот човек на Царина, Стефан Богоев.
Кандидатури заинтересираните може да се доставуваат до четврток, а веќе во недела треба да се одржи отчетниот конгрес на партијата.