дома Свет Анкетите во Британија предвидуваат најголема победа на лабуристите во историјата на изборите...

Анкетите во Британија предвидуваат најголема победа на лабуристите во историјата на изборите следниот месец

23

Главната британска опозициска Лабуристичка партија е подготвена за најголемата досега победа на општите избори во Велика Британија следниот месец.

Се очекува поубедлива победа од 1997 година кога партијата ја предводеше поранешниот премиер Тони Блер.

Анкетата на YouGov предвидува дека централно-левичарските лабуристи на Кир Стармер ќе освојат 422 места во парламентот, со што ќе добијат мнозинство од 194 места, додека конзервативците на премиерот Риши Сунак се на пат кон нивниот најмал број пратеници во повеќе од еден век.

Се очекува конзервативците да паднат на само 140 места, губејќи ги клучните области во земјата како Лондон, североистокот и Велс.

Вклучувањето на десничарот и еден од главните заговорници за Брегзит Најџел Фараж уште повеќе ќе им наштети на ториевците, имајќи предвид дека Фараж најверојатно ќе одземе дел од гласовите на десничарското гласачко тело.

Британците се разочарани од лошата економска ситуација во земјата, високите животни трошоци и несигурноста. Така конзервативците најверојатно ќе ја изгубат власта по повеќе од 15 години.

Општите избори во Велика Британија се закажани за 4 јули.

ПредходнаИстражување: Мнозинството Германци се против на воените дејствија на Израел во Газа
СледнаМолк и засилени мерки за безбедност во Кина на 35-годишнината од задушувањето на протестите на плоштадот Тиенмен