Базар на десерти ќе се реализира денеска во Неготино, во организација на деветоодделенците од основното општинско училиште ,,Страшо Пинџур” во овој град.
– Настанот започнува од осум часот на градскиот плоштад. Посетителите што ќе дојдат, ќе имаат можност да уживаат во највкусните домашни десерти подготвени со љубов и креативност од овие ученици. Со секој купен десерт, тие не само што ќе се засладат, туку и ќе помогнат во собирањето средства за организирање на нашата незаборавна завршна забава, велат организаторите на настанот, повикувајќи што е можно повеќе посетители да ги поддржат младите таленти и да придонесат за успешноста на овој настан.
Поддршката значи многу, нагласуваат организаторите на базарот на десерти.