дома ТОП ВЕСТИ Палевски со часови на распит во Обвинителство

Палевски со часови на распит во Обвинителство

43

По 20-ина дена од екстрадицијата, според информациите, осомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо беќе со часови е  на распит во Обвинителство, да ја раскаже неговата верзија за случајот и да се соочи со доказите. Од Обвинителството засега нема официјално соопштение.

Палевски тврди дека е невин. Истрагата за него може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт. За другите неколкумина веќе има обвинение дека биле соизвршители во грабнувањето и во убиствата. Обвинет е и таткото на Вања за помагање при грабнувањето.

Во меѓувреме, определена мерка е притвор во траење од 30 дена за Палчо. Пред повеќе од десетина дена беше спроведен во Кривичниот суд на распит пред судија на претходна постапка за да се произнесе по мерката притвор определна во негово отсуство. По час и половина беше вратен во истражниот затвор „Скопје“. Тоа беше негов прв исказ пред истражните органи во државава. Пред камерите изјави дека не го извршил убиството на Вања и Панче.

Палевски доби адвокат по службена должност откако ниту еден од тројцата предложени од негова страна не се согласи да го застапува во постапката.

Тој беше уапсен во Турција. По пет месеци во екстрадициски притвор, минатата недела е испорачан на македонските власти. За тројцата соизвршители во двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски се затвора обвинението. Осомничени се и двајца за помагање, еден од нив е таткото на Вања, кој е во домашен притвор.

ПредходнаПреговорите за влада готови, уште да се изгласа!
Следна(ВИДЕО) Автобус со ученици се запалил во Србија, нема повредени