Во Јавна соба денеска од 11 до 15 часот ќе биде одржан третиот базар, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други производи „од втора рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.
На базарот, како што истакнуваат организаторите, ќе може да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови.
– Трендот за second hand модата е во нагорна линија, од страна на изложувачите, но и од страна на посетителите. Пред сè самата понуда станува побогата, интересот за учество на вакви настани расте, па на овој базар ќе има 35 штандови. Нив ги охрабрува и големиот број на посетители, кои ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и животната средина. велат организаторите.
Влезот за посетителите на базарот е слободен