Provereno

nie znaeme…

Макрон поразаен- го распушти парламент

Првиот круг на изборите за Националното собрание ќе се одржи на 30 јуни, а вториот 7 јули, објави Макрон во обраќањето до нацијата.

По тешкиот изборен пораз од екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин ле Пен, Макрон изјави дека исходот „не е добар резултат за партиите кои ја бранат Европа“.

Националниот фронт на Ле Пен на денешните избори за Европскиот парламент освои околу 32 отсто од гласовите, десет повеќе отколку на претходните европски избори во 2019 година и 17 отсто повеќе од партијата на Макрон. Социјалистите освоија 14 проценти од гласовите.

Претворено во мандати, Националниот фронт на Марин Ле Пен добива 31, Ренесанса на Макрон 14, а социјалистите 13.

Ле Пен го опиша изборниот резултат како „историски“.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *